БоксПрофесионален

Тајсон Фјури би можел да се бори и за светската титула

Фјури би можел веднаш да добие борба за светската титула ако го победи Русинот, а оваа информација ја потврди и актуелниот шампион на ВБО Фабио Вордли.

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија на ВБЦ-верзијата, Британецот Тајсон Фјури, би можел да добие шанса да се бори за светската титула во следната борба, но само ако го победи Арсланбек Махмудов.

„Кралот на Ромите“ се враќа во акција по 15-месечна пауза на 11 април против рускиот борец. Фјури се пензионираше во јануари минатата година, само десет дена по неговиот втор пораз од Украинецот Александар Усик.

Махмудов во последната борба минатата година го победи Дејв Ален, а неговите единствени два пораза беа со прекин против Агит Кабајел и Гвидо Вијанело.

Фјури би можел веднаш да добие борба за светската титула ако го победи Русинот, а оваа информација ја потврди и актуелниот шампион на ВБО Фабио Вордли.

„Пред да ја потпишам борбата против Даниел, а тој сè уште немаше никаков договор со Махмудов, му реков дека може веднаш да добие борба против мене. Тоа нема да биде проблем“, рече Фабио Вордли и додаде:

„Но, ако сака малку да се загрее, да го почувствува рингот или што и да е, тогаш е во ред. Нема проблем. Сè уште ќе бидам подготвен и ќе го чекам големиот откако ќе завршам со Даниел“.

Фабио Вордли првата одбрана на ВБО-појасот во тешка категорија ќе ја има на 9 мај во Манчестер, против Даниел Дубоа.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON