АктуелноМеѓународна сценаММА

Чарлс Оливеира го победи Макс Холовеј и ја освои БМФ титулата на УФЦ 326

Бразилецот доминираше во пет рунди за да му се реваншира на Американецот во Лас Вегас

Чарлс Оливеира го победи Макс Холовеј и ја освои БМФ титулата во главната бпрба на УФЦ 326, кој се одржа ноќта меѓу 7 и 8 март во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

Борбата траеше сите пет рунди, при што Бразилецот доминираше поголем дел од борбата и заслужено победи со едногласна одлука – 50-45, 50-45, 50-45.

Оливеира го диктираше темпото од самиот почеток на борбата, комбинирајќи удари со силно борење и контрола на партер. Тој успеа да го собори Холовеј неколку пати и да заземе доминантни позиции, вклучувајќи контрола зад грбот и обиди за потчинување. Американецот покажа карактер и успеа да се извлече од неколку опасни ситуации, но беше во дефанзива поголемиот дел од борбата.

Во последната рунда, Холовеј се обиде да го промени текот на борбата, но Оливеира повторно наметна контрола и не дозволи никакви изненадувања до последниот удар во гонгот. Така, Бразилецот обезбеди одлучувачка победа и новиот БМФ појас.

Со оваа победа, Чарлс Оливеира сега има 37 победи и 11 порази во професионалната кариера (една борба е без одлука). За Макс Холовеј, поразот е деветти, а неговиот биланс во MMA останува 27 победи и 9 порази.

Двајцата борци веќе се сретнаа во август 2015 година, кога Холовеј победи со технички нокаут во првата рунда, откако Оливеира не можеше да продолжи поради повреда. Сепак, реваншот на УФЦ 326 беше целосно под контрола на Бразилецот.

Во конасловната борба Кајо Борало се соочи со Рајнер де Ридер во средна категорија. Бразилецот убедливо победи и ја однесе победата со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27).

Резултати УФЦ 326:

Чарлс Оливеира – Макс Холовеј со одлука на судиите (50–45, 50–45, 50–45)
Кајо Борало – Рајнер де Ридер со одлука на судиите (30–27, 30–27, 30–27)
Раул Росас Јуниор – Роб Фонт со одлука на судиите (30–27, 30–27, 30–27)
Дру Добер – Мајкл Џонсон со технички нокаут, Р2 (1:53)
Грегори Родригез – Бруно Фереира со нокаут, Р1 (1:47)

Прелиминарни борби
Коди Гарбранд – Сјао Лонг со одлука на судиите (28–27, 28–27, 28–27)
Донте Џонсон – Коди Брандејџ со одлука на судиите (29–28, 29–28, 28–29)
Алберто Монтес – Рики Турсиос – со совладување, Р2 (0:40)
Њамјаргал Тумендемберел – Коди Дурден – со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Сумудаерџи -. Исус Агилар – со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Дијар Нургојаи – Рафаел Тобијас – со одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Родолфо Белато – Лук Фернандез – ТКО, Р1 (2:42)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON