Други вештиниКик боксТајландски боксЏиу џицу - БЏЏ

Турски лекари тренираат боречки спортови поради насилство во болниците

Нивната цел не е да се борат во рингот, туку да се одбранат од бруталната реалност, зголеменото насилство во болниците и да ја вратат контролата врз бесконечниот стрес.

Во јужниот турски град Анталија, лекарите ги заменуваат своите заштитни облеки со ракавици и штитници, вежбајќи мај таj, бразилско џиу џицу, кикбокс и мешани боречки вештини. Нивната цел не е да се борат во рингот, туку да се одбранат од бруталната реалност, зголеменото насилство во болниците и да ја вратат контролата врз бесконечниот стрес.

Лекарите велат дека интензивната природа на овие спортови им помага да изградат физичка издржливост, ментална отпорност и самодоверба, а воедно обезбедуваат излез од притисоците од долгите смени и честите ноќни смени.

Насилството врз медицинските работници е постојан проблем во Турција. Лекарите често се подложени на вербални навреди, закани, а во некои случаи и на физички напади од страна на пациентите или нивните роднини. За да одговори на ваквите инциденти, Турција воведе национален систем за известување за итни случаи, познат како „бел код“, кој веднаш ги повикува болничките безбедносни служби и полицијата.

Според тренерот за мај таj, Хасан Урлу, многу лекари од различни специјалности се приклучиле на обука за боречки вештини во последниве години.

„Со мај тај, лекарите учат како да се бранат и истовремено да го ослободат стресот. На некој начин, тие стануваат свој „бел код““, рече Урлу.

Гизем Акчен, докторка на одделот за интензивна нега, рече дека честата употреба на сигналот „бел код“ ја мотивирала да започне со тренирање.

„Тренирам околу една година. Учиме самоодбрана и ги разбиструваме умовите“, рече таа.

Мерт Озмен, специјалист по интерна медицина во истражувачка болница, неодамна започнал со бразилско џиу џицу и веќе станал национален шампион на Турција и вицешампион на Европа во својата категорија. Кардиоваскуларниот хирург Озан Ердем рече дека започнал со боречки вештини со своите деца бидејќи се динамични, го прават телото посилно и можат безбедно да се практикуваат на која било возраст.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON