
Селекторот на женската репрезентација во борење на Косово, Ферат Рамадани, објаснува дека подготовките на борачки од двете држави биле по негово барање, односно дека ги бирал борачките од Македонија кои ќе спарингуваат со косовските репрезентативки.
Рамадни вели дека е отворен за сорабтока со сите клубови од Македонија.
Вчера тренерот на Вардар 1961, Игор Неделковски, остро реагираше затоа што негови борачи не беа повикани на подготовките.
Ние ќе укажеме дека федерацијата ќе треба да објаснува зашто и на кој начин се оди на подготовки за да нема недоразбирања и реакции, кои не се од полза за борењето.



