АктуелноДомашна сценаКарате

Европскиот вицешампион Немања Младеновиќ имаше прием кај градоначалникот Бобан Стефковски

Денес имав чест и задоволство да одржам средба со овој млад шампион. Во неговите очи се гледа решителност, во неговиот став победнички карактер, а во неговото срце љубов кон спортот и Македонија, изјави Стефковски.

Европскиот карате вицешампион Немања Младеновиќ имаше прием кај градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Младеновиќ на 53. Европско првенство за кадети, јуниори и У21, што се одржа во Лимасол, Кипар, во кадетска конкуренција во категоиријата над 70 килограми го освои сребрениот медал.

„Ова не е само медал. Ова е доказ за труд, посветеност и шампионски дух. Гази Баба е горда. Горда на својот млад борец, на неговата истрајност и на знамето што достоинствено го крена високо“, напиша на Фејсбук Стефковски и додаде:

„Денес имав чест и задоволство да одржам средба со овој млад шампион. Во неговите очи се гледа решителност, во неговиот став победнички карактер, а во неговото срце љубов кон спортот и Македонија.

Немања, ова е само почеток!

Европа те запозна – светот допрва ќе слушне за тебе“!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON