Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, ќе биде ослободен од затвор на 15 февруари
Поранешниот шампион во тешка категорија планира семинар за вежбање на дишење по ослободувањето.

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Каин Веласкез (42), објави дека ќе биде ослободен од затвор на 15 февруари. Американецот отслужуваше петгодишна казна за обид за убиство и напад со нелегално огнено оружје, извршен во 2022 година.
„По моето ослободување на 15 февруари, ја разгледувам идејата за спроведување еднодневна работилница за холотропско дишење во областа Сан Хозе. Вежбите за дишење станаа моќна алатка за мене – физички, ментално и духовно – и би сакал да ги споделам со другите во мирна средина“, напиша Веласкез на социјалните мрежи.
Потсетуваме дека во февруари 2022 година Веласкез беше уапсен откако испука неколку куршуми во автомобилот на човек обвинет за напад врз неговиот син, повредувајќи го очувот на осомничениот. Во февруари 2025 година поранешниот шампион доби петгодишна затворска казна.



