АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури: Девет недели пред борбата сум во идеална тежина. Сериозно ќе го разбијам!

Фјури е исклучително возбуден за своето враќање и дополнително го зголемува интересот објавувајќи детали за неговите подготовки.

Тајсон Фјури објави дека веќе ја достигнал целнта телесна тежина пред неговата борба за враќање против Арсланбек Махмудов.

„Ромскиот крал“ беше во Тајланд во последните недели, каде што ги започна подготовките за неговото ново враќање на боксерскиот ринг. Фјури се повлече по два последователни порази од Александар Усик, но набрзо се предомисли и сега се подготвува за голема и активна 2026 година.

Првиот чекор во неговото враќање ќе биде судир со Махмудов на 11 април, а борбата би можела да се одржи во Манчестер, локацијата чека потврда.

Фјури е исклучително возбуден за своето враќање и дополнително го зголемува интересот објавувајќи детали за неговите подготовки. Неодамна се качи на вагата и покажа колку тежи моментално. Заедно со објавата на Инстаграм стори, тој напиша:

„Веќе сум на мојата идеална тежина девет недели пред борбата. Сериозно ќе го победам Арсланбек Махмудов“.

Вагата покажа дека тој тежел околу 119 килограми (263 фунти).

Ова значи дека тој е веќе околу 8 килограми полесен отколку што беше пред втората борба со Усик во декември 2024 година. За тој реванш, Фјури беше најтежок во кариерата, со 127 килограми (281 фунти). Иако се бореше силно, на крајот загуби тесно на поени.

На претходните снимки од тренинг, боксерската јавност изрази загриженост за неговата гломазна градба, но сега е јасно дека сериозно се зафатил со враќање во форма.

Сè укажува дека Фјури интензивно работи на себе за повторно да го нападне самиот врв во тешката категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON