АктуелноБорењеОстанато

Садулаев го прекина молчењето по повредата: Ќе се вратам посилен

Двократниот олимписки шампион и шесткратниот светски шампион во борење слободен стил, Абдулрашид Садулаев, го коментираше првиот настап на „Реал американ фристајл“ (РАФ), каде што претрпе пораз од Кајл Снајдер и заработи повреда на коленото.

Русинот објави порака на својот Телеграм канал, во која призна дека неговото деби не поминало како што очекувал.

„Моето деби на „Реал американ фристајл“ не помина како што очекував. Но, планираме, а Семоќниот насочува. Не беше толку сериозно колку што можеше да биде. Ќе се опоравам и ќе се вратам уште посилен. Поминав низ ова и претходно“.

Садулаев му честиташе на Кајл Снајдер за победата и откри дека Американецот го контактирал по мечот.

„Честитки до Кајл Снајдер за одбраната на титулата. По борбата лично ми пиша и ми ја изрази својата поддршка“.

На крајот од објавата Русинот им се заблагодари на фановите и домаќините на настанот.

„Огромна благодарност до сите што дојдоа да ме поддржат, како и до сите што гледаа на телевизија. Вашата поддршка е непроценлива. А посебна благодарност до луѓето од Грузија за нивното топло добредојде и гостопримство. Се гледаме наскоро на душекот“!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON