Сребрен медал за Немања Младеновиќ на Европското карате првенство во Кипар
Младеновиќ во финалето во категоријата над 70 кг за кадети загуби Омар Ѓоргичијани од Грузаија со 2-4.

Немања Младеновиќ го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар.

Младеновиќ во финалето во категоријата над 70 кг за кадети загуби Омар Ѓоргичијани од Грузаија со 2-4.
Нашиот репрезентативец поведе 1-0, потоа во двојна акција дојде во водство со 2-0, но противникот заработи ипон и предност од 2-3. Потоа во последната акција Грузиецот освои уште едно вазари за конечни 2-4.
Сепак, ова е голем успех за младиот Немања, македонската карате репрезентација и неговиот клуб Металург.
Младеновиќ имаше голема поддршка од трибините.

Денес Матеј Белистојаноски се бори за златен медал во категиоријата до 67 килограми во У-21.
На ЕП настапуваат 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.
Резултати Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:
Кадети
+70 кг
Немања Младеновиќ – Марсел Гора (Ирска) 4-0
Немања Младеновиќ – Лукас Виташек (Чешка) 4-0
Немања Младеновиќ – Панагиотис Лазаридис (Грција) 2-1
Немања Младеновиќ – Рихард Митрик (Словачка) 3-1
Финале
Немања Младеновиќ – Омар Ѓоргичијани (Грузаија) 2-4



