АктуелноМеѓународна сценаММА

Адесања за УФЦ во Белата куќа: Сакам вистински навивачи, а не политичари покрај кафезот

Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања, изрази надеж дека претстојниот настан на организацијата во Вашингтон ќе биде достапен за обичните фанови на мешани боречки вештини, а не само за политичката елита.

„Дали би сакал да се борам на настан на УФЦ во Белата куќа? Не би рекол не, но се надевам дека има вистински фанови на MMA. Не сакам да се борам пред група политичари на кои навистина не им е грижа за MMA“, рече Адесања, а пренесе Блади елбоу.

Нигериецот нагласи дека за него атмосферата создадена од страсните поддржувачи на спортот е многу поважна од гламурот на таква локација.

„Би сакал обичните фанови да можат да дојдат на турнирот и да го гледаат шоуто“, додаде тој.

Ве потсетуваме дека настанот на UFC во Белата куќа е закажан за 14 јуни 2026 година. Според претседателот на организацијата, Дана Вајт, специјалната арена ќе може да прими приближно 5.000 гледачи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON