Илија Топурија ветува: Ќе го направам и нокаутот за 2026 година

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Илија Топурија, изјави дека има намера повторно да го импресионира светот со нокаути во новата сезона, откако организацијата ја издвои неговата победа над Чарлс Оливеира како најдобар нокаут во годината.
„Наградата за најдобар нокаут во 2026 година сепак ќе биде моја“, напиша Топурија на профилот на социјалната мрежа X.
Порано, „Матадорот“ откри дека планира да се врати во октагонот во периодот април-јуни и очекува да се соочи со победникот од битката за привремената титула меѓу Џастин Гејџи и Педи Пимблет.
Мечот меѓу Гејџи и Пимблет ќе биде главна броба на УФЦ 324 кој ќе се одржи на 25 јануари во Лас Вегас.
Со амбиции да додаде уште еден зрел финиш на својот скор, Топурија јасно става до знаење дека има намера да остане најопасното име во дивизијата и во 2026 година.



