АктуелноМеѓународна сценаММА

Џастин Гејџи ќе се пензионира од ММА, ако загуби од Педи Пимблет

Џастин Гејџи е еден од најдобрите борци во лесна категорија во светот во последните осум години, но неговите денови како главен претендент привршуваат.

Кон крајот на овој месец Гејџи ќе се обиде повторно да ја освои титулата во УФЦ кога ќе се соочи со Педи Пимблет. Тие ќе се сретнат на УФЦ 324 на 24 јануари во Лас Вегас, Невада. Борбата ќе биде за привремената титула во лесна категорија на УФЦ, бидејќи актуелниот шампион Илија Топурија прави кратка пауза од борбите.

Иако Гејџи веќе ја освои привремената титула кога во 2020 година го победи Тони Фергусон, ова е уште една можност да се обезбеди шанса за неприкосновената титула. Ако Гејџи го победи Пимблет и да ја освои привремената титула, тогаш ќе се соочи со Топурија подоцна во годината.

Гејџи има резултат 0-2 кога станува збор за нприкосновената титула на УФЦ, па се очекува дека неговата сегашна серија ќе биде и последна. 37-годишниот ветеран дури се закани дека ќе се пензионира ако не добие шанса за титулата во следната борба. Љубителите на боречките спортови не можат да го обвинат Гејџи што се обидел да се бори уште еднаш, со оглед на годините.

Тревор Витман, долгогодишниот тренер на Гејџи, потврди дека УФЦ 324 ќе биде последната шанса на Гејџи за слава во УФЦ. После тоа, „Хајлајт“ веројатно ќе се пензионира за да се грижи за своето семејство и здравје.

„Не се плашам да го кажам тоа гласно – ова е нашата последна борба. Ако не ја добиеме оваа борба, нема да продолжиме. Нема да излегуваме во кафезот за да бидеме чувари на портите и да гледаме борби за пари и такви работи. Џастин би се борел одново и одново, но знае дека мора да биде тука за своето семејство. Мора да биде паметен и да се грижи за своето здравје“, рече Витман.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON