АктуелноБоксПрофесионален

Усик и Вајлдер блиску до договор, Бронзениот бомбардер знае како да го победи одличниот Украинец

Еден од најдобрите борци на својата генерација, Александар Усик, ја победи конкуренцијата во полутешка категоријата и ги обедини појасите, а истото го направи и во тешка категорија. Откако успешно ги совлада двата помали предизвици против Чез Витерспун и Дерек Чисора, непоразениот Украинец се соочи со најдобрите тешкаши во светот.

Двократниот апсолутен шампион во кралската категорија во последните неколку години двапати ги победи Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа. Кариерата на Усик се ближи кон крајот, а тој е подготвен за уште еден предизвик, па затоа покажа интерес за меч против уште еден великан од оваа ера во тешка категорија – Дионтеј Вајлдер.

Многумина веруваат дека е неправедно што Вајлдер добива можност да се бори за светска титула, бидејќи Усик моментално ги држи шампионските појаси на ВБА, ВБЦ и ИБФ, а неодамна му ја отстапи титулата на ВБО на британскиот борец Фабио Вордли. Но, Украинецот има право да го избере противник.

Усик (24-0, 15 КО) технички е можеби најголемиот борец во светот, додека Бронзениот бомбардер (44-4-1, 43 КО) отсекогаш бил познат по ограничениот арсенал, но има пеколна десна рака со која ги докрајчи 43-те противници пред да заѕвони последното ѕвонче.

Сè уште е доволно моќен и има едно од најстрашните оружја во целиот боксерски свет. Во неодамнешно интервју нагласи дека тоа ќе биде неговото главно оружје во мечот против Украинецот, кој се чини дека е се поблиску до договор.

„Мислам дека тоа би бил главниот рецепт за победа против Усик“, рече Дионтеј Вајлдер и додаде:

„Но, не сакам да откривам премногу. Знам дека морам да поправам некои работи, но ќе ги задржам основите. Имам брзина, висина и атлетски способности, тоа се три работи што ми даваат предност“.

Се чини дека Александар Усик би можел да го има следениот меч во Америка. Според извештаите, тој е во преговори со американски тим за организирање на неговиот прв настап кој не е под надлежност на саудискиот боксерски гигант Турки Алалших.

Менаџерот на Усик, Егис Кимас, потврди дека работат на меч меѓу двократниот апсолутен шампион и Дионтеј Вајлдер:

„Тој меч најверојатно ќе биде договорен. Моментално работиме на тоа и сме во преговори за уште неколку борби. Наскоро ќе го потврдиме, но сè уште имаме некои разговори со тимот на Вајлдер. Борбата би можела да се одржи во Лас Вегас или Лос Анџелес, некаде кон крајот на април или почетокот на мај“.

Самиот Вајлдер пред три недели изјави дека неговиот тим е во преговори со тимот на Усик.

„Разговорите можат да потраат. Двајцата ја сакаме таа борба. Тој е шампион и мора да бидеме малку поблаги во одредени работи поради можноста што ми ја нуди. Многу сум му благодарен за тоа и немам проблем со тоа. Преговорите одат многу добро и на крајот ќе видиме што ќе се случи“, рече Дионтеј Вајлдер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON