Џон Џонс има нови проблеми со законот

Dzon Dzons ufc

Само што објави УФЦ дека Џон Џонс на 23 април ќе се бори за титулата во полутешка категорија против Даниел Кормиер, поранешниот првак се најде во нова неволја.

На Џонс УФц му ја одзеде титулата по предизвикувањето и бегаењето од местото на несреќата, KRQE њус 13 дознава дека поранешниот шампион западнал во нови проблеми.

Судските документи покажуваат дека на 31 јануари, Џонс е фатен како вози без возачка дозвола, регистрација и осигурување.

Џонс имаше многу проблеми зад воланот. Во 2012 година беше обвинет за возење под дејство на марихуана во Њујорк, откако се удри во столб, а во 2011 година беше осуден во Албакерки за возење додека возачката му била одземена.

Откако прифати спогодба по последниот инцидент „Коски“ се посвети на општествено-корисна работа, говорејќи пред ученици и во општествените центри.

Џонс, кој е на условна казна, во среда мора да се појави на суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON