БорењеОстанато

Најмалдите борачи на Олимпија освоија 5 медали на турнир во Благоевград

Олимпија на Mеѓународниот турнир во борење „Скапто куп 2025“во Благоевград освои 5 медали – 3 златни и 2 сребрени во возрасната група деца родени 2017 и 2018 година.

„Иле Папазов до 35 кг покажа голема борбеност и техника, победи 3 борби, а во финалето покажа карактер и предиспозиции за голем борач. Во еден момент од првата рунда губеше со 12-4, а во втората направи пресврт и победи со 18-12 и го освои првото место“, велат од Олимпија.

Останатите медали ги освоија:

Јована Нисева – златен до 32 кг
Вероника Зафирова – златен до 35 кг
Софија Кастанова – сребрен
Јана Илиевска – сребрен.

Тренерите Гордан Николов и Кире Нисев се задоволни од настапот и успехот на младите борачки и борачи на Олимпија.

Овој турнир е последен во 2025 година. БК Олимпија и посакува на сите спортисти среќна Нова година и повеќе успех во 2026 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON