АктуелноБорењеДомашна сцена

Утре Радовиш одбележува 30 години од освојувањето на европската титула со откривање на спомен обележјето „Биста на борачите“

Утре во Радовиш ќе биде откриено спомен обележјето „Биста на борачите“ во чест на шампионската генерација на „Бучим Јака“ која стана европски шампион во 1995 година. Се навршија 30 години откако клубот од Радовиш ја покори Европа.

Откривањето е закажно за 14:00 часот на булеварот „Александар Македонски“.

Се очекуваат многу гости од Македонија и Бугарија.

„Настанот има за цел да оддаде признание на спортските херои, тренерите и сите заслужни личности кои со својата посветеност, пожртвуваност и патриотизам придонесоа за овој исклучителен успех, како и да ја одбележи вредноста на спортот како амбасадор на државата“, истакнуваат од БК Бучим.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON