Илија Топурија привремено се повлекува од октагонот поради лични причини

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Илија Топурија, објави дека нема да се натпреварува во првиот квартал од 2026 година. Причината е тежок период во неговиот личен живот, што го принудува да се фокусира на семејството и децата. Во изјава на социјалните мрежи, Топурија нагласи дека не сака да го блокира развојот на дивизијата и ќе се врати штом ќе се решат проблемите.
„Поминувам низ тежок период во мојот личен живот. Сакам да се фокусирам на моите деца… Не сакам да ја забавам дивизијата“, напиша тој, додавајќи дека УФЦ ќе ги организира потребните натпревари за време на неговото отсуство.
Непоразениот борец ја заврши 2025 година како една од најсјајните ѕвезди во организацијата. По убедливите победи со нокаут над Макс Холовеј и Александар Волкановски во 2024 година, Топурија направи успешен премин во лесна категорија и го насочи своето внимание кон тогашниот шампион Ислам Махачев.
Сепак, сега неговата спортска кариера останува на чекање – привремено, додека шампионот не се справи со личните предизвици.
🚨😳Ilia Topuria released a statement saying he won’t fight in the first quarter of 2026
"I'm going through a difficult moment in my personal life.
I don't want to hold up the division. I'll let the UFC know I'm ready to begin my return." pic.twitter.com/eVwOc5CO73
— Home of Fight (@Home_of_Fight) November 27, 2025



