БорењеОстанато

Нема промена на државјанството! Руската боречка федерација воведе забрана

Руската боречка федерација им забрани на своите спортисти да го менуваат државјанството без посебни околности, објави новинската агенција ТАСС. Одлуката е донесена за време на состанокот на Извршниот комитет на организацијата, а ја објави нејзиниот претседател, Михаил Мамијашвили.

„Извршниот комитет дискутираше за голем број фундаментални прашања, првенствено поврзани со строгите правила против допинг и промена на државјанството. Презедовме некои радикални мерки, вклучително и неоправдана промена на државјанството“, рече Мамијашвили за ТАСС.

„Спортистите мора да разберат дека државните и регионалните власти инвестираат многу пари во развојот на спортистите и се обидуваат да обезбедат соодветна средина за нивниот раст. Ние сме дел од голема земја и понекогаш се потребни жртви од секој од нас, не само со зборови, туку и со дела. Во овој контекст, подготвени сме да преземеме невидени мерки“, додаде Мамијашвили.

Русија е убедливо земјата со најмногу борачи кои не се натпреваруваат за својата земја. На последното Светско првенство, шест спортисти кои не се натпреваруваат за својата земја се искачија на подиумот. Тоа беа Александар Комаров (Србија, злато во грчко-римски стил до 87 кг), Чермен Валиев (Албанија, сребро во 74 кг слободен стил), Тајмураз Салказанов (Словачка, бронза во 74 кг слободен стил), Кидир Саипудинов (Бахреин, бронза во 79 кг слободен стил), Осман Нурмагомедов (Азербејџан, бронза во 92 кг слободен стил) и Шамил Шарипов (Бахреин, бронза во 125 кг слободен стил).

Повеќето од борачите наведени погоре всушност одзедоа медали од Русија, која, заедно со Белорусија, продолжува да учествува на меѓународни турнири со неутрален статус. Комаров го елиминираше Милад Алирзаев во полуфиналето, Валиев го победи Заурбек Сидаков во истата рунда, Саипудинов го елиминираше Ахмед Усманов во репасажот, а Шарипов победи против Абдула Курбанов.

Ќе потсетиме дека медали за Македонија освојуваа Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров.

Сепак, највпечатлив пример е примерот на Бахреин, чија национална репрезентација е составена целосно од натурализирани Руси – Ахмед Тажудинов, Алибег Алибегов, Кидир Саипудинов, Магомед Шарипов, Магомедрасул Аслуев и Шамил Шарипов. Бахреин и неговиот главен град Манама ќе бидат домаќини на Светското првенство во борење во септември 2026 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON