Силвио Мировски ја обезбеди втората бронза, а Стефан Михајловски третата за Македонија на Светското кик бокс првенство

Силвио Мировски ја обезбеди втората бронза за Македонија на Светското кик бокс првенство во Абу Даби, ОАЕ. Мировски во се пласира во полуфиналето по победата над Полјакот Павел Кониечени со 3-0.

Во полуфиналето ќе се бори со Бохдан Скитник од Украина.

Во четвртфиналните борби победа извојува Стефан Мифсјловски со победа над египетскиот натпреварувач Мостафа Јахија Мухамед Саад со 3-0 со прекин и го обезбеди третиот бронзен медал.

„Нелсон Узеир во борбата против Рикардас Кулис од Литванија ја загуби борбата за еден бод. Штета. И Климент Грозданоски претрпе пораз од Франческо Ијаконџело од Италија. Борбата ја загуби поради добивање на два поена минус поради судиска одлука. И, мислам дека Климент е оштетен“,вели селекторот Дејан Митровски и додава:
„Поддршка добивме и од нашиот амбасадор во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, со членовите на неговиот кабинет, Нехат Емини и Валентин Митровски“.

Резултати – Светско првенство:
Кик лајт
-89 кг
Климент Грозданоски – Џошуа Франц Мацнер (ЈАР) 3-0 1/8 финале
Климент Грозданоски – Франческо Ијаконџело (Италија) 1-2
+94 кг
Стефан Михајловски – Михал Јанак (Словачка)3-0 1/8 финале
Стефан Михајловски – Мостафа Саад (Египет) 3-0 ТКО
Полуфинале
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија)
Лоу кик
-71 кг
Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 3-0 1/16 финале
Силвио Мировски – Лазар Ступар (Србија) 3-0
Силвио Мировски – Павел Кониечни (Полска) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Бохдан Скитник (Украина)
К-1
-86 кг
Нелсон Узеир – Мартин Лоренц (Чешка) 2-1 1/8 финале
Нелсон Узеир – Рикардас Кулис (Литванија) 1-2



