Познати протовниците на кикбоксерите на Светското првенство, борбите почнуваат утре

Репрезентативците во кик бокс ги добија противниците на Светското ВАКО првенство за сениори кое се одржува во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Претседателот на КМФМ, Дејан Митровски, изјави дека нашите репрезентативци имаат коректни и искусни натпреварувачи.

„По свеченото отварање на церемонијата ќе ги разработиме тактиките на нашите натпреварувачи кон противниците. И веќе од утре започнуваат квалификациските борби . Им посакувам на нашите натпреварувачи многу среќа и успех со победи“, рече Митровски.
Очекувањата се дека нашата репрезентација ќе се врати со медали од СП, а предводник е Бобан Илиоски. Репрезентативците во последните настапи покажаа завидна форма, така што може да очекуваме претставување на високо ниво и вклучување во распределбата на медалите.

На СП во организација на ВАКО ќе настапат 1664 кикбоксери со 1994 натпреварувачки влезови од 85 држави.
Светско првенство:
Лајт контакт
-89 кг Климент Грозданоски – Павло Замјатин (Украина) 1/8 финале
Кик лајт
-89 кг Климент Грозданоски – Џошуа Франц Мацнер (ЈАР) 1/8 финале
+94 кг Стефан Михајловски – Михал Јанак (Словачка) 1/8 финале
Лоу кик
-67 кг Петре Велков – Ајуб Лакрами (ОАМ) 1/8 финале
-71 кг Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 1/8 финале
-81 кг Лука Кипровски – Грегоире Агбоку (Бенин) 1/8 финале
-86 кг Бобан Илиоски – Ахмед Наани (ОАЕ)/Раул Сунара (Хрватска) ¼ финале
К-1
-75 кг Максим Митровски – Маик Фолман (Германија)/Сефа Сонмез (Турција) ¼ финале
-86 кг Нелсон Узеир – Мартин Лоренц (Чешка)



