Арман Царукјан го прегази и откажа Ден Хукер во две рунди

Арман Царукјан покажа зошто го зазема првото место на ранг-листата на УФЦ во лесна категорија, откако го принуди Ден Хукер да се предаде во втората рунда од главната борба на УФЦ Фајт најт 265 во Доха.
арукјан (23-3, 10-2 УФЦ) победи со рачен триаголник на 3:34 од втората рунда, откако борецот стигна до партер, Хукер (24-13, 14-9 УФЦ) немаше одговори.
Во првата рунда Арман го избра идеалниот момент за првиот обид за соборување, но Хукер успеа да се задржи. Откако двајцата беа разделени, Царукјан нанесе неколку тешки удари. Малку подоцна Хукер се обиде со гилотина во клинчот, но Арман вешто ја смени позицијата, влезе во странична контрола и ја заврши рундата со контрола и удари одозгора.
Во втората рунда, околу четири минути пред крајот, Хукер веќе беше на грб, а Царукјан работеше од гард. Постепено применуваше силни лакти, по што се исправи за неколку силни удари. Две минути пред крајот се префрли во доминантна позиција, ја изолираше раката и го заклучи со триаголник на рацете, а Хукер беше принуден да се предаде.
По дуелот Царукјан испрати директен предизвик до шампионот Илија Топурија и му се заблагодари на Хукер што го доби мечот „кога никој друг не сакаше“.
„Илија, ако си силен – дојди. Има само еден предизвикувач, а тоа е Арман Царукјан. Не барај лесен противник. Јас сум најдобар на светот и ќе станам шампион. Ќе ја бранам титулата одново и одново и ќе поставувам нови рекорди во УФЦ“, рече тој.
Ова е шеста победа по ред за Царукјан, бидејќи неговата серија вклучува победи над Дамир Исмагулов, Јоаким Силва, Бенеил Дариуш и Чарлс Оливеира. Победничката серија на Хукер од три натпревари беше прекината.
ARMAN TSARUKYAN SUBMITS DAN HOOKER IN THE SECOND ROUND!!!
WHAT A PERFORMANCE #UFCQatar pic.twitter.com/LzusBUNzbl
— Championship Rounds (@ChampRDS) November 22, 2025
Резултати УФЦ Фајт најт 265:
Главна карта
Арман Царукјан – Ден Хукер – завршница (рачен триаголник) Р2,
Иан Мачадо Гари – Белал Мухамед (30–27, 30–27, 29–28)
Волкан Оездемир – Алонзо Менифилд со КО Р1, 1:27
Миктибек Оролбаи – Џек Хермансон со КО Р1, 2:46
Валдо Кортес-Акоста – Шамил Газиев со КО Р1 1:22
Кјоџи Хоригучи – Тагир Уланбеков со завршница 3, 2:18
Прелиминарни
Лук Рајли – Богдан Град со КО Р2, 0:30
Николас Далби – Сајгид Изагахмаев (29-28, 28-29, 29-28)
Асу Алмабаев – Алекс Перез со завршница 3, 0:22
Абдул Рахман Јахјаев – Рафаел Черкеира со завршница 1, 0:33
Александар Топурија – Бекзат Алмахан со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Исмаил Наурдиев – Рајан Лодер со нокаут Р1, 1:26
Нуруло Алиев – Шем Рок (30–27, 30–27, 30–27)
Дензел Фримен – Марек Бујло со одлука (30–27, 29–28, 29–28)



