Јуниорите и кадетите викнедов ќе настапат на европските џудо купови во Подогорица и во Солун

Македонските џудо репрезентации за јуниори и за кадети викендов ќе настапат на Европскиот јуниорски куп во Подгорица, Црна Гора и Европскиот кадетски куп во Солун, Грција.
Јуниорска репрезентација во Подгорица ќе настапи со:
Лилјана Недановска (-57 кг)
Ива Богдановска (-63 кг)
Сергеј Димитриоски (-60 кг).
Тимот ќе биде предводен од селекторот Александар Фузевски, кој истакнува дека репрезентативците се максимално подготвени и мотивирани за силната конкуренција што ги очекува во Подгорица.
За кадетска репрезентација во Солун ќе настапат:
Хамида Друштинац (-44 кг)
Тамара Илиоска (-57 кг)
Теодора Илиоска (-57 кг)
Марко Панчевски (-66 кг)
Никола Петров (-81 кг)
Кадетите ќе бидат предводени од спортскиот директор Дејан Мицкоски и селекторот Игор Паскоски
„Настапите на овие два европски купови се важен чекор напред за развојот на младите џудисти. Џудо Федерацијата им посакува успешни борби, спортска среќа и што подобри пласмани“, истакнуваат од ЏФМ.



