АктуелноБорењеДомашна сцена
БК Олимпија доби донација комби вредно 60 илјади евра

Боречкиот клуб Олимпија од Штип доби донација од бугарската амбасада комби „цитроен џампин“ со 9 седишта во вредност од 60 000 евра.
Од Олимпија велат дека оваа донација ќе помогне во развојот на младите во спортот, односно борачите на штипскиот клуб ќе имаат брза и побезбедна комуникација, како за натпревари, така и за подготовки со клубови од балканските земји и Европа.

Донацијата на бугарската амбасада е од проект „Мобилност за промена“.
Од Олимпија упатуваат спортски поздрав до бугарската амбасада и амбасадорот Жељаско Радуков кој силно се заложил за овој проект.



