АктуелноМеѓународна сценаММА
Волкановски му даде совет на Дела Мадалена пред борбата со Махачев

Австралискиот шампион со македонско потекло во перо категорија на УФЦ, Алекс Волкановски, има неколку совети за сонародникот од Австралија, Џек Дела Мадалена, пред неговата борба со Русинот Ислам Махачев. Тие ќе се соочат на УФЦ 322.
„Биди подготвен за соборувања и борба на партер. Станувај побрзо што можеш и врши притисок врз твојот противник“, рече Волкановски во интервју за Фан дуел, дел од кое е достапен на социјалните медиуми.
Борбата меѓу Махачев и Дела Мадалена ќе се одржи на УФЦ 322 во ноќта на 16 ноември. Настанот ќе се одржи во Њујорк, САД.
Волкановски и Махачев се бореа двапати, а Русинот победи двата пати.



