АктуелноБоксЕвропски првенства
Ален Рустемовски го освои сребрениот медал на Европското првенство во бокс во У-23

Ален Рустемовски го освои сребрениот медал на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ.

Ален се судри со силен противник Лурли Аветијан од Русија. Борбата беше рамноправна, можеби пресудија побрзите контри на противникот. Русинот секогаш контрираше со еден-два комбинација, а Ален покажа техничка подговтеност и со најголемите да се бори на ниво.

Ќе потсетиме дека Адријан Рустемовски се закити со бронзен медал.
Европско првенство У-23:
57 кг
Ален Рустемовски – Артрур Аветикјан (Ерменија) 5-0 ½ финале
Финале
Ален Рустемовски – Лурли Аветијан (Русија) 0-5



