АктуелноБоксПрофесионален

Агит Кабајел: Усик ќе го мрази мојот стил – подобро да си ја заврши кариерата

Носителот на привремената титула во тешка категорија на ВБЦ, Германецот Агит Кабајел, ја коментираше можноста за борба со апсолутниот светски шампион Александар Усик.

„Дали ќе можам да го победам Усик? Ќе видиме. Сè уште немам порази во мојата кариера. Се борев со врвни противници и ги победив сите. Мислам дека оваа борба ќе биде многу конкурентна“, рече Кабајел во интервју за Токспорт бокс.

Германскиот боксер, познат по силните удари во телото, го предупреди Украинецот што го чека:

„Мислам дека Усик ќе го мрази мојот стил. Кога ќе го удрам телото, кога ќе ја удрам главата – тоа е нешто различно. Оваа борба ќе биде различна. Можеби ќе биде подобро за него едноставно да ја заврши кариерата“.

Кабајел (26-0, 18 нокаути) е непоразен и се етаблираше како еден од водечките кандидати во тешката категорија по неговата импресивна победа со нокаут над Џин Гили претходно оваа година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON