Злато за Џанер Билјали, сребра за Петар Трајчевски и Арабел Рустемовски на Опен Балкан шампионатот

Тројца боксери имаа финални борби на Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, билансот е 1 златен и 2 сребрени медали.
Џанер Билијали освои златен медал, но без борба, додека Петар Трајчевски и Арабел Рустемовски се поразени.

Утре настапува Давид Здравевски.
Опен Балкан шампионат:
Сениори
57 кг Адријан Русетмовски (Македонија) – Артур Нгтипјан (Србија) 19 октомври финале
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија) 3-2
Финале
60 кг Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 19 октомври
Јуниори
50 кг Петар Трајчевски (Македонија) – Павле Поповиќ (Србија) 0-5 финале
54 кг Арабел Рустемовски (Македонија) – Теодор Јосиевиќ (Србија) 1-4 финале
Кадети
80 кг Давид Здравевски (Македонија) – Ѓорѓе Ѓориќ (Србија) 18 октомври финале
Пионери
54 кг Џанер Билјали (Македонија) – Тодор Лучиќ (Србија) 5-0 без борба финале



