АктуелноБоксПрофесионален

Александар Усик откри колку долго планира да се бори, а потоа сака да отвори спортска академија

Апсолутниот светски шампион во тешка категорија, 38-годишниот Александар Усик, во последното интервју за украинските медиуми изјави дека сака да боксира најмалку уште три години, а по завршувањето на кариерата, сака да стане тренер по бокс во Украина.

Непоразениот Усик ги победи сите свои противници во полутешка категоријата пред неколку години, а истото го направи и во кралската дивизија. Минатата година ги обедини појасите за светски шампион во тешка категорија кога кон средината на јуни го победи Тајсон Фјури.

Тој стана првиот апсолутен шампион во тешка категорија во ерата на четири појаси, а потоа се откажа од титулата на ИБФ за да договори реванш против „Џипси Кинг“, во кој исто така беше поуспешен.

Олимпискиот освојувач на златен медал од 2012 година од Лондон повторно ги обедини титулите во јули оваа година на Вембли кога со нокаут во петтата рунда го победи шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа.

Најдобриот светски шампион во тешка категорија и еден од најголемите боксери на неговата генерација се опоравува од повреда на грбот и планира да се врати во акција дури следната година.

„Тренирам секој ден, бидејќи сакам да излезам во рингот следната година и, со Божја помош, да победам“, рече Александар Усик и призна дека не знае кој ќе му биде следниот противник:

„Дали ќе биде Итаума? Не, нема да се борам со него. Тој е млад и силен. И рече дека не удира постари луѓе. Не можам да кажам со кого ќе се борам, бидејќи преговорите се во тек. Би ве излажал ако ви дадам име“.

Усик исто така нагласи дека сака да се бори уште три години, а потоа сака да стане тренер.

„Ќе боксирам до 41 година, а потоа ќе отворам спортска академија дома и ќе тренирам млади борци таму“, нагласи Александар Усик, додавајќи дека неговата иднина е во Украина.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON