Бронза за Марко Димитријоски на Балканското џудо првенство за пионери

Бронза за Марко Димитријоски на Балканското првенство во џудо што се одржува во Будва, Црна Гора.
Димитријоски освои бронзен медал во категорија до -46 кг за пионери.
Во конкуренција од најдобрите борци од регионот, Марко покажа исклучителна подготвеност и борбен дух, забележувајќи 5 победи од вкупно 6 борби!
Димитријоски на Европскиот куп за пионери и за помлади пионери одржан во Сараево (БиХ) во април годинава исто така постигна голем успех, освојувајќи ги второто место и сребрениот медал меѓу 258 џудисти и 124 џудистки од 99 клуба од 17 држави, кои настапија во три возрасни категории, што само потврдува дека станува збор за голем талент во џудо-спортот.
Македонската пионерска репрезентација на Балканијадата во Будва ја претставуваа седум натпреварувачи, кои настапија во два натпреварувачки дена: Марко Димитријоски, Филип Митревски, Ангел Стојовски, Марија Китевска, Марија Ангелова, Дила Пупаловиќ и Јована Цветкоска, предводени од селекторот Игор Димитријоски.



