АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Репрезентативците во џиу џицу ги почнуваат натпреварите на Европското првенство во Беврен

Репрезентативците на Македонија во џиу џицу денес ги почнуваат натпреварите на Европското првенство во Беврен, Белгија, кое ќе трае до 5 октомври.
Боите на Македонија ги бранат:
Катерина Ацевска – сениори +70 кг
Данил Николиски – јуниори -56 кг
Зоран Колевски – јуниори -62 кг
Денес се борат Зоран Колевски и Данил Николиски, а утре Катерина Ацевска..
Во категоријата на Ацевска има 11 натпреварувачки, кај Николиски 12 и кај Колевски 21..
Федерацијата им посакува многу успех и среќа во борбите, со желба и надеж дека ќе успеат да дојдат до еден од медалите на ова големо натпреварување. На ЕП учествуваат 969 натпреварувачи од 28 држави.



