АктуелноДомашна сценаММА

Алексовска запрена во полуфиналето на СП со завршница

Македонкската ММА борачка Даниела Алексовска ја предаде полуфиналната борба на Светското првенство што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Во полуфиналната борба Алексовска беше поразена од Нармин Алиева од Азербејџан, откако во втората рунда беше приморана да ја предаде борбата. Алексовска ја имаше контролата на мечот, беше поагресивна и имаше повеќе удари во првата рунда, но Алиева успеа да ја совлада со зафат што ја принуди нашата натпреварувачка да се предаде.

На тој начин Алексовска освои бронзен медал, додавајќи уште едно признание во својата колекција по златото од Европското првенство во февруари оваа година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON