АктуелноБоксПрофесионален

Навистина ми е лошо, не можам да спијам од тој нокаут. Погледнете ми ја главата, целата пулсира (ВИДЕО)

Легендарниот Вандерлеј Силва сè уште се опоравува од хаотичното враќање на рингот кое заврши со целосно фијаско. По седумгодишна пауза од борбите и тежок пораз со нокаут од Квинтон „Ремпејџ“ Џексон во 2018 година, „Убиецот со секира“ се врати во Сао Паоло во егзибициски боксерски меч против двократниот светски шампион Ацелин „Попо“ Фреитас. Но, она што требаше да биде вечер на носталгија се претвори во насилен хаос.

Силва беше дисквалификуван во четвртата рунда поради повеќекратни удари со глава, а кратко по прекинот на борбата, во рингот избувна масовна тепачка. Во хаосот, 49-годишниот член на Куќата на славните на УФЦ беше нокаутиран со брутален удар, падна на подот и остана онесвестен, шокирајќи го целиот боречки свет.

Еден ден подоцна, Силва им се обрати на своите фанови преку Инстаграм, откривајќи дека имал сериозни последици по нокаутот.

„Да, мојата ситуација не е добра. Погледнете ми го окото. 3:30 часот е наутро и не можам да спијам затоа што главата ми чука премногу. Наскоро ќе морам да одам во болница на повеќе тестови. Многу ми е лошо“, рече Силва.

Снимката од инцидентот можете да ја погледнете ТУКА.

На почетокот, не беше јасно кој го зададе ударот што го нокаутира Силва, но наскоро се појавија нови снимки и фотографии. Бразилскиот портал „Комбате“ потврди дека фаталниот удар го задал Рафаел Фреитас, син на Ачелино Фреитас, кој самиот има боксерско искуство. Ситуацијата дополнително ја потврди и неговиот брат Хуан, кој го тагираше Рафаел во сега избришаната објава со пораката: „Кога зборуваш за мојот брат, зборувај тивко. Честитки, Рафа“!

По инцидентот Ачелино Фреитас јавно се извини за борбата, но не коментираше директно за фактот дека неговиот син Рафаел го зададе ударот што го собори Силва и стана вирален момент на вечерта.

Поранешниот идол на Прајд и УФЦ така се соочи со уште една траума на крајот од својата кариера, а прашањето останува дали некогаш ќе се врати на боречкиот ринг.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON