АктуелноБоксПрофесионален

Полицаец впери пиштол кон светскиот шампион Теренс Крафорд

Теренс Крaфорд – Бад во саботата беше почестен со прослава на апсолутната титула во супер средна категорија во неговиот роден град Омаха, која ја освои претходно овој месец победувајќи ја мексиканската икона Канело Алварез.

На прославата на титулата се собраа неколку илјади луѓе, а за време на церемонијата, градоначалникот Џон Јуинг му го подари на Бад симболичниот клуч од градот. Крофорд се пошегува, а потоа праша: „Што отклучува тоа“?

Неколку часа подоцна и на забавата каде што го прослави својот 38-ми роденден, доби одговор дека „клучот“ не е полициска пропусница, а доказ за тоа е видеото што брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, според извештајот на Полициската управа на Омаха (OPD), инцидентот се случил околу 1:30 часот наутро во недела, 28 септември.

Полициските службеници пријавиле дека запреле возило кое возело небезбедно во центарот на градот.

За време на проверката, полицаец забележал оружје на подот од страната на возачот, па од безбедносни причини сите патници морале да излезат од возилото под закана со пиштол.

А возачот на автомобилот беше еден од најдобрите боксери на денешницата, Теренс Крофорд, кој подоцна беше обвинет за опасно возење.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON