Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското ММА првенство во Грузија

Две недели по спектакуларната победа со армбар во првата рунда на Армада 14 во Скопје, Алексовска повторно влегува во кафезот – овој пат на највисокото светско ниво: Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, од 27 септември до 2 октомври.
Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг, каде моментално е рангирана 3-та во светот, благодарение на златниот медал кој го освои на Европското првенство годинава.
Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство – минатата година во Узбекистан, каде успеа да се избори до бронзен медал.
Во својата група, Даниела ќе се соочи со натпреварувачки од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.
Даниела е решена да го донесе златниот медал во Македонија! Како нејзина подрршка се Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, и Стефан Пецевски, главен тренер.



