АктуелноБоксПрофесионален

Флојд Мејведер навести враќање во професионалниот бокс по борбата со Мајк Тајсон

Флојд Мејведер Јуниор (48) поранешен светски шампион во пет тежински категории, објави дека размислува за целосно враќање во професионалниот бокс. Ова би можело да се случи по неговата егзибициска борба со легендата во тешка категорија Мајк Тајсон, закажана за пролетта 2026 година.

„Постои понуда за враќање во рингот. Има разговори. Можно е“, рече Мејведер во интервју за ТМЗ.

„Мани“ се повлече од професионалниот бокс во 2017 година со совршен резултат од 50-0, по победата над Конор Мек Грегор. Оттогаш, учествуваше само во егзибициски борби. Во 2020 година категорично негираше дека ќе се врати во професионалниот ринг, нагласувајќи дека го зачувал своето здравје и сакал да избегне непотребни ризици.

Сепак, неговата нова изјава навестува дека е подготвен повторно да ја отвори вратата за враќање.

Егзибициската борба со 59-годишниот Мајк Тајсон ќе биде еден од најзборуваните настани во боречките спортови, иако деталите за местото и правилата не се официјално потврдени.

„Сè уште не тренирам. Борбата ќе биде во 2026 година. Сè уште го финализираме договорот, но сигурен сум дека ќе биде возбудливо за луѓето и за навивачите“, рече Мејведер. „Само сакам да им дадам на навивачите она што го сакаат – шоу. Мило ми е што сè уште можам да ги забавувам луѓето и тие сè уште можат да видат малку од моето старо јас“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON