Давид Бенавидез нема интерес да се бори со Крафорд

Теренс Крафорд влезе во историјата на боксот победувајќи го Сол Алварез-Канело во дебито во супер средна категорија. Американецот се искачи за три тежински категории и ги освои сите четири титули со импресивни едногласни одлуки, станувајќи апсолутен шампион во петтата категорија и неприкосновен шампион во третата.
Веднаш по сензационалната победа, влијателниот промотор Турки Алалших го понуди следниот предизвик – борба со Давид Бенавидез.
Бенавидез, кој се натпреварува во полутешка категорија од средината на 2024 година, не го криеше восхитувањето кон Крафорд во интервју за „Инсајд д ринг“: „Само сакам да му честитам на Теренс Крафорд. Достигна место во историјата до кое стигнале само ограничен број борци. Тој е еден од најголемите на сите времиња – тоа не можете да му го одземете. Не само што се искачи за три категории, туку го победи и еден од најдобрите борци на оваа генерација. Тоа покажува колку големо срце има. Многу боксери можат да црпат инспирација од него“.
Потенцијалниот судир меѓу Крафорд и Бенавидез би бил уште потежок тест за 37-годишниот шампион – дури и ако Бенавидез се врати во супер средна категорија.
„Искрено, нека живее Теренс Крафорд. Тоа е неговата тежинска категорија. Одамна го изгубив интересот за 76,2 килограми. Знам дека може да ми понудат многу пари за да се спуштам подолу, но се чувствувам поудобно во 79,4 кг. Во полутешка категорија ги бркам Бетербиев, Бивол, Зурдо Рамирез. Значи, бев во 76,2 кг, но немам интерес да се вратам“.



