АктуелноБоксДомашна сцена

Македонија официјално е примена во Светски бокс

Македонија, односно Македонската боксерска федерација, официјално е примена во Светски бокс, новата кровна организација кој доби виза од ИОК да ги организира боксерските квалификации за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.

Покрај Македонија, од Балканот во полноправно членство е примена и Словенија. Светскиот бокс сега брои 125 членки.

„Светскиот бокс го зголеми своето членство на 125 земји откако Извршниот одбор ги одобри апликациите на уште осум национални боксерски федерации.

Осумте нови членови се распоредени на четири континенти и вклучуваат: Словенечка боксерска федерација; Национална боксерска федерација на Северна Македонија; Катарска боксерска федерација; Либиска боксерска федерација; Сенегалска боксерска федерација; Никарагванска аматерска боксерска федерација, Боксерска федерација на Кенија; и Украинската национална федерација“, с енаведува во објавата на Светски бокс.

Ќе потсетиме дека Светскиот бокс неодомана го одржа првото Светско првенство во Ливерпул, Англија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON