АктуелноБоксПрофесионален

Од тимот на Крафорд потврдија: Кога ќе се одмори, ќе ја продолжи кариерата

Еден од најдобрите боксери на денешницата, Теренс Крaфорд, минатиот викенд ја извојува најголемата победа во кариерата. На стадионот „Алеџијант“ во Лас Вегас, Бад со едногласна одлука го победи Канело Алварез и стана апсолутен шампион во супер средна категорија.

Непоразениот Американец, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во велтер категорија, прескокна две тежински дивизии за да се соочи со мексиканската мегаѕвезда.

Крафорд ја извојува 42-та победа во кариерата, што го направи апсолутен шампион во три тежински категории во ерата на четири појаси, по супер лесна и велтер категоријата, сега го направи тоа и во супер средната дивизија.

По победата навивачите почнаа да шпекулираат за тоа кој би бил следниот потег на Крафорд, бидејќи самиот не ја исклучи можноста дека тоа ќе биде неговата последна борба.

Тренерот на Бад, Брајан Мекинтајр – БоМак, ги откри плановите на Крафорд во интервју за Фајт хаб ТВ.

„Секако дека сака повторно да се бори“, рече Брајан Мекинтајр и откри дека сака Бад да работи во следните неколку месеци:

„Би сакал да се одмори, да помине малку време со семејството. Празниците доаѓаат, нека патува малку. А кога ќе се врати во салата, тогаш ќе одлучи што сака да прави следно. Тој е одличен борец и обожавам да работам со него. Ако каже да направиме уште две, три борби, тогаш тоа е тоа. Ајде да направиме уште два, три пати и тоа е тоа“.

Една можна опција за Крафорд би можела да биде да се искачи во средна категорија, каде што би барал меч за светска титула во друга дивизија.

Актуелниот светски шампион од Казахстан, Јанибек Алимханули, му понуди на Бад можност да се бори за титулата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON