АктуелноЕвропски првенстваКик бокс
Бронза и за Марија Димовска на ЕП во Италија, еден бод го пресуди полуфиналето

И Марија Димовска се закити со бронзен недал на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција.
Димовска во полуфиналето е поразена од Рабија Карадаш од Турција со 1-2.

„Марија ја загуби борбата во полуфиналето против турската натпреварувачка Карадаш Рабија. Сите рунди беа тенки во резултатот и во последната рунда ја загуби борбата за еден бод“, велчи селекторот Дејан Митровски-Урко.
Македонија на ЕП освои две бронзи. Вчера Лука Змејкоски освои бронзен медал.

Очекувањата беа барем едно финале, но спортот е непредвидлив.
Резултати – Светско првенство:
Лоу кик
-60 кг постари јуниори
Марија Димовска – Рабија Карадаш (Турција) 1-2



