АктуелноЕвропски првенстваКик бокс

Познати противниците на кикбоксерите на Европското првенство во Италија

Направено е жребувањето на Европското јуниорско првенство во Италија. Се знаат противниците на нашите натпреварувачи.

Нашата минатогодишна светска шампионка Марија Димовска се бори директно во полуфинале со турчинката Карадаш Рабија.

И Лука Змејковски почнува од полуфинале и ќе се бори со Гркот Еманоуилидс Јоанис.

Андријано Димишковски се бори во осмина финале против Немања Глигориќ од Босна и Херцеговина.

Калин Бабовски се бори во осминафинале против Турчинот Карагац Хусеин.

„Андријано и Калин се двајцата во иста дисциплина и иста килажа. Двајцата се одлични борци, поради тоа и настапуваат во иста категорија, бидејќи е дозволено од иста земја да се пријават двајца натпреварувачи.

Фаворити на ова првенство ни се светската шампионка од лани Марија Димовска која по повредата здобиена лани оздраве и е сега во топ форма и Лука Змејковски, ланскиот светски вицешампион.

Останатите двајца наши натпреварувачи Андријано Димишковски и Калин Бабовски се многу надежни млади спортисти кои се со многу борбен дух и покажуваат голем успех и голема надеж.

Во тек ни е разработувањето на тактиките и начинот на борба со нашите натпреварувачи и проучувањето на противниците“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON