АктуелноМеѓународна сценаММА

Бомба од потпретседателот на УФЦ! УФЦ доаѓа во Србија, настанот би можел да се одржи веќе следната година!

УФЦ не доаѓа особено често во Европа. Оваа година, само Париз и Лондон имаа можност да бидат домаќини на УФЦ настан, а некои, можеби бо го вброиле и Азербејџан како европски земји (делумно припаѓаат на европскиот континент). УФЦ порано посетуваше многу повеќе европски земји, но некако по пандемијата на коронавирусот, тие се задржаа на Франција и Англија.

Сепак, потпретседателот на УФЦ, Дејвид Шо, синоќа по настанот во Париз зборуваше за плановите за проширување на европскиот пазар. УФЦ јасно препознава дека MMA во Европа брзо расте, атмосферата е секогаш фантастична на трибините, а Европа заслужува повеќе посети од водечката светска MMA организација. Кои земји се во трка за домаќинство на УФЦ?

„Англија, Франција, Шпанија, Германија, Скандинавија (неколку земји се во трка), Србија и Турција. – се земјите кои ги наведе Шо на прес-конференцијата и објави дека планираат да ги посетат во наредните години.

Според српскиот sportala.rs, претставници на MMA федерацијата на Србија отпатувале во Франција за да водат преговори со претставници на УФЦ, а веќе наредната година УФЦ би можел да го гостува во Белград.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON