Флојд Мејведер: Луѓето се лути затоа што 30 години заработувам милиони

Непоразениот поранешен светски шампион во неколку категории Флојд Мејведер Јуниор ја коментираше негативната реакција на веста за неговата претстојна борба со 59-годишниот поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон. Да потсетиме дека Тајсон и Мејведер потпишаа договор за борба што би можела да се одржи напролет 2026 година.
Веста дојде како големо изненадување за фановите кои не престануваат да ја критикуваат борбата. Сите веруваат дека таквата борба нема смисла, но Флојд не мисли така. Мејведер верува дека критичарите зборуваат затоа што се љубоморни што не престанува да заработува милиони.
„Луѓето се толку лути на оваа борба? Да бев на нивно место, и јас би се лутел на себе. Како овој човек Мејведер заработува толку многу пари 30 години? Тоа би ме налутило и мене. Би бил најголемиот мразител на Мејведер! Луѓето можат да кажат што сакаат. Зборуваат само за оние што победуваат. А јас сум победник!“, рече Мејведер за ТМЗ.
View this post on Instagram



