Бразилско џиу џицуЏиу џицу - БЏЏ

Арман Царукјан ќе се натпреварува на турнир во бразилско џиу џицу во Москва

Второрангираниот во лесна категорија на УФЦ, Арман Царукјан, објави на социјалните мрежи дека ќе учествува на турнирот АЦБЏЏ 18 во бразилско џиу џицу. Настанот, посветен на сеќавањето на Алил Газиев, ќе се одржи на 19 септември во Москва.

Противникот на Царукјан сè уште не е официјално објавен.

28-годишниот борец го имаше професионалното деби во мешани боречки вештини во 2015 година, а е дел од УФЦ од 2019 година. Има кариерен скор од 22 победи и 3 порази.

Во последната борба на 14 април 2024 година на УФЦ 300 Царукјан го победи Бразилецот Чарлс Оливеира со контроверзна поделена одлука.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON