Меѓународна сценаММА
Менаџерот на Махачев потврди: Ислам против Џек Дела Мадалена до крајот на годината

Основачот на Доминенс ММА менаџмент и менаџер на поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Ислам Махачев – Али Абдел Азиз, официјално потврди дека следната борба на неговиот клиент ќе биде против актуелниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Џек Дела Мадалена.
„Борбата е договорена и ќе се одржи. Но, јас секогаш пристапувам кон организацијата со почит, па затоа нема да откривам детали. Ова е нивна работа и тие сè уште не ја објавиле. Можам само да кажам дека на крајот од годината Австралија нема да има шампион во полусредна категорија. Џек е многу тежок противник за Ислам, но верувам дека Махачев ги има сите шанси да биде рамноправен“, изјави Абдел Азиз за Ред корнер ММА на социјалната мрежа X.



