Објавени се новости за состојбата на кечерот кој беше претепан од синот на Ремпејџ Џексон: Остана без многу заби

Вчера известивме за ужасната вест од еден меч на кечерски настан во Калифорнија. Раџа Џексон, син на легендарниот ММА борец Квинтон „Ремпејџ“ Џексон, скокна во рингот, го собори борачот Стјуарт Смит, попознат како Сико Сту, а потоа го удри повеќе од 20 пати додека Сту лежеше во несвест.
Многумина коментираа на социјалните мрежи дека ова е еден вид обид за убиство, бидејќи да се удрат толку многу силни удари на лице кое лежи во несвест, е навистина нешто што може да се окарактеризира како обид за убиство. Раџа Џексон го истури својот гнев врз борачот кој пред настанот со конзерва го удри во главата, мислејќи дека Раџа е еден од борачите кои ќе настапат на настанот.
Откако дозна дека греши, Сту му се извини на Џексон, а договорот беше дека Раџа ќе скокне во рингот и ќе го собори Сту со техника на „двојна нога“. Но, иако се чинеше дека го прифати извинувањето на Сту, Џексон го истури својот гнев и брутално го претепа.
Многумина се прашуваа какви повреди претрпел Сико Сту и каква е неговата состојба. Ситуацијата воопшто не изгледаше добро, но денес колегата кечер на Сту и неговиот брат открија дека состојбата му е стабилна и дека Сту не е во смртна опасност.
„Претрпе неколку скршеници на лицето и изгуби многу заби“, – рече Даглас Мело, кечер кој исто така настапи на фаталниот настан, додека братот на Сту додаде:
„Моментално е стабилен, но е на интензивна нега. Фокусот е на неговото закрепнување и им благодариме на сите за поддршката“.
View this post on Instagram
Се надеваме дека Сту ќе се опорави што е можно поуспешно, а синот на Ремпејџ треба да ги сноси сериозните последици од овој ужасен чин.



