БоксПрофесионален

Боксерскиот ветеран го избра противникот за својата 50-та борба, чека негова согласност

Британскиот тешкаш, 41-годишниот Дерек Чисора, објави дека ќе има уште една борба пред да се пензионира, па затоа го избира својот последен противник со голема претпазливост.

Искусниот ветеран има одлична кариера зад себе која трае повеќе од 18 години. Досега имал 49 борби во кои има 36 победи (23 нокаути) и 13 порази.

Во тој период се борел против врвни противници како што се Тајсон Фјури (три пати), Кубрат Пулев, Aлександaр Усик и Дејвид Прајс. Неговите последни три меча завршија со победи над Ото Валин, Џо Џојс и Џералд Вашингтон.

Дел Бој, исто така, се борел двапати против Џозеф Паркер и двата пати загубил со одлука на судиите, тоа беше во мај и декември 2021 година. Во неодамнешно интервју за ТВ ИФЛ, Чисора рече дека би бил многу среќен да договори трилогија со Паркер.

„Се што велам е да, борбата би требало да се случи. Но, Џо мора да ми даде повеќе, треба да се вклучи и добро да го промовира тој меч. Џо, сакаш ли да се бориме? Ајде да одиме“, рече Дерек Чисора.

Но, Дерек разбира дека оваа борба можеби нема да привлече внимание, бидејќи не е за светска титула.

„Се сомневам дека Саудијците би се вклучиле во нејзината промоција, бидејќи таа е сува, влогот не е светска титула. Затоа не му платија ништо во последнита година и пол“, додаде Дерек Чисора.

Паркер последен пат се бореше во февруари кога со прекин во втората рунда го победи Мартин Баколе, кој ја прифати борбата само два дена претходно, бидејќи Даниел Дубоа се откажа поради болест.

Новозеландецот претходно ги победи Жилеј Жанг и Дионтеј Вајлдер, и е во добра форма и би претставувал тежок предизвик за Чисора.

Но, Паркер моментално е привремен шампион на ВБО и прв во редот за меч против апсолутниот шампион Александар Усик.

Можно е непоразениот украински борец да ја ослободи титулата во ВБО, која потоа би отишла во рацете на Паркер, а потоа Чисора би можел дополнително да се заинтересира за борба со Новозеландецот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON