АктуелноМеѓународна сценаММА
Ибра му честиташе на Хамзат Чимаев (ФОТО)

Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ му честиташе на непоразениот Хамзат Чимаев за освојувањето на титулата на УФЦ 319 во борбата против Јужноафриканецот Дрикус ду Плесис.
Блогерот Адам Зубајраев објави фотографија од вечерата по турнирот, каде што Чимаев разговараше со Ибрахимовиќ. Златан е долгогодишен обожавател на мешани боречки вештини. На 17-годишна возраст доби црн појас во тaеквондо.
На турнирот УФЦ 319 во Чикаго чеченскиот борец го победи јужноафриканскиот спортист Дрикус ду Плесис со едногласна одлука, освојувајќи ја првата титула во УФЦ.




