АктуелноМеѓународна сценаММА

Волкановски го предизвика непоразениот Марфи

36-годишниот австралиски борец и шампион на УФЦ во перо категорија (до 65 кг) Александар Волкановски му упати предизвик на 34-годишниот Англичанец Лерон Марфи по завршувањето на изминатиов турнир УФЦ 319 во Чикаго.

„Се гледаме во декември, Лерон Марфи. Честитки за победата на УФЦ 319“, напиша Волкановски на социјалната мрежа X.

Марфи учествуваше на главниот настан на гала вечерта, каде што се соочи со 28-годишниот Американец Арон Пико. Англичанецот победи спектакуларно со нокаут во првата рунда со лакт од вретење, нанесувајќи му тежок пораз на Пико во дебито за организацијата на Дана Вајт.

Последната борба на Волкановски беше во април 2025 година, кога го победи Диего Лопез.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON