АктуелноБоксПрофесионален

Поранешниот светски шампион во тешка категорија ќе се обиде повторно да стигне до врвот: Дивизијата има потреба од мене

Тешката категорија е во период на промени, при што многу од врвните борци се уште се активни и се ближат кон пензионирање, а нивните празнини ќе мора да бидат пополнети од страна на надежни кандидати.

Aлександaр Усик моментално ги држи сите четири појаси. Непоразениот Украинец стана неприкосновен шампион во тешка категорија по втор пат минатиот месец во реванш против Даниел Дубоа.

Со по две победи над Дубоа, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, 38-годишниот Усик ја зацврсти позицијата како најдобар тешкаш во својата генерација и еден од најголемите во историјата.

Украинецот сака барем уште една борба пред да се пензионира, а има многу кандидати да влезат во неговите чевли – Џозеф Паркер, Агит Кабајел, Мартин Баколеа, па дури и 20-годишниот Мозес Итаума, но поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, исто така, ја бара својата последна шанса.

По два тешки порази од Фјури, тој брзо го совлада Роберт Хелениус, а потоа загуби од Џозеф Паркер и Жилеј Жанг. Многумина повикаа 39-годишниот Бронзен бомбардер да се пензионира, но тој има други планови.

„Имаше неколку одлични моменти и со нетрпение очекувам да испишам уште историја додека сум тука. Дивизијата има потреба од мене, тоа е сигурно. Особено во Америка. Овде немаме толку многу квалитетни борци“, рече Деонтеј Вајлдер.

Поранешниот шампион го направи првиот чекор на патот кон враќањето кога во јуни во седмата рунда со технички нокаут го победи Тајрел Херндон. Иако стигна до 44-та победа со прекин, многумина веруваат дека Бронзениот бомбардер е далеку од својот врв и не би можел да се натпреварува со врвните борци.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON