Дионтеј Вајлдер верува дека пред пензионирањето ќе се бори против одличниот Британец

Бронзениот бомбардер, по четири порази во последните неколку години, неодамна се врати на рингот и со прекин во седмата рунда го победи Тајрел Херндон.
И без оглед на таа победа, некои фанови сè уште веруваат дека 39-годишниот Дионтеј Вајлдер треба да се пензионира.
Долгогодишниот шампион на ВБЦ во тешки категории е далеку од најдобрата форма и можеби неговата најдобра опција би била да се пензионира.
Но, се чини дека Вајлдер има други планови, во неодамнешно интервју рече дека сè уште треба да се бори против поранешниот двократен светски шампион Британецот Ентони Џошуа.
„Борбата со Еј-Џеј дефинитивно мора да се случи… Двајцата ја поддржуваме идејата, сè уште сме активни и веројатно еден ден ќе се сретнеме во рингот“, нагласи Дионтеј Вајлдер и продолжи:
„Секогаш се случуваат многу добри работи во боксот, различни луѓе ги прават најдобрите можни борби. Ова е фантастичен момент, со нетрпение го очекувам сето тоа. Не е време за пензионирање. Имам план и го следам. Но, ако е потребно да се преземат одредени работи на карток рок, тогаш ќе го направам тоа. Јас сум ветеран во оваа работа и го сакам секој дел од неа“.
Џошуа последен пат се бореше во септември минатата година, губејќи со нокаут во петтата рунда од Даниел Дубоа. Тој неколку години се поврзуваше за борба со Вајлдер, но борбата сè уште не се случи.



